БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во Штип капиталните проекти за граѓаните се реализираат со целосен интензитет моментално во износ од над 30 милиони денари

Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов заедно со дел од општинската администрација и советници од општинскиот Совет придружувани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беа во обиколка на локациите каде што со забрзано темпо се реализираат предвидените проекти од програмата за Обнова на Штип.

Во моментот според информации на општината во Штип се реализираат проекти во износ од над 30 милиони денари и тоа во капитални проекти кои што значително ќе го подобрат стандардот за живеење на штипјани.

Предвидената динамика за реализација се одвива со задоволително темпо а посветеноста на градоначалникот и општината се клучни за навремено исполнување на сите технички работи околу реализацијата на овие инфраструктурни проекти.

“За време на денешната посета од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имавме можност да ги промовираме пред јавноста дел од проектите на кои се работи во моментов.

Општина Штип во населбите Баби, Дузлак и по течението на р. Отиња, инвестира околу 30.000.000 денари.

Проектите за уредување на централното градско подрачје, асфалтирање на улици, уредување на зелени површини, спортски и детски игралишта кои ги изведуваме уште на почетокот на градежната сезона, се доказ дека напорно работиме, за да ги исполниме сите ветувањата дадени пред граѓаните!”

-информираше градоначалникот Иван Јорданов во јавноста.

Креирано од:


Пренеси го гласот