БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Волонтерите на ОО Црвен Крст Македонска Каменица добија нова просторија за работа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со голема радост вчера, 06.08.2026 година свечено беше отворена новата просторија наменета за младите волонтери на Црвениот крст во Македонска Каменица.

Просторијата е уредена во рамките на ЦКА–ПХВ Програмата 2026, со средства обезбедени од активностите што ги реализираа самите млади волонтери. Со многу труд, посветеност и тимска работа, тие самостојно го уредија просторот, создавајќи место каде што ќе можат непречено да ги планираат и реализираат своите хуманитарни, едукативни и волонтерски активности.

На свеченото отворање присуствуваа градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, претставници и соработници од институциите во Општина Македонска Каменица, како и волонтери од Македонска Каменица.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По отворањето беше одржана работна средба, на која се разговараше за понатамошниот развој на волонтерството и за идните активности на Црвениот крст во локалната заедница.

Оваа просторија претставува симбол на младинската иницијатива, хуманоста и заедничката работа, а ќе биде ново место каде што ќе се раѓаат идеи, ќе се реализираат проекти и ќе се создаваат нови волонтерски приказни.

Креирано од:


Пренеси го гласот