На социјалните мрежи, попладнево беа објавени неколку фотографии на кои се гледа како возилото на Брзата Помош од Делчево товари поголема количина на цветни аражмани. Во просторот каде што вообичаено е предвидено да се транспортираат пациенти, сега се најдоа овие цвеќиња во поголема количина.
На фотографиите можат да се забележат неидентификувани лица без заштитна опрема кои што се гледа како ги товарат цвеќињата набрзина во просторот наменет за пациенти околу подвижниот болнички кревет и врз него.




Медицинската сестра која ги објави овие фотографии дала и свој коментар во прилог на фотографиите кој гласи:
“Попатно, да не иде зијан колата до Делчево! Денес на Бит пазар”.
Оваа несекојдневна појава се случува во услови кога државата се соочува со ригорозни мерки за заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот, а намената на овие цветни аражмани останува непозната за јавноста.