БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Враќање на сцената на бендот Creed после повеќе од деценија неактивност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Добитниците на Греми наградата- бендот Creed најавија враќање на сцената за фестивалот “Summer Of ’99” што ќе биде нивен прв настап после повеќе од една деценија. Овој фестивал кој што се организира од страна на Sixthman на отворено море во изминатите две децении е закажан за 18-22 април 2024 кога крузерот под името “Норвешки бисер” ќе испплови од Мајами Флорида на пат кон Насау, на Бахамите.

Раната претпродажба за патувањето е планирана за периодот од 25-27 јули а гостите со првите 500 купени билети ќе имаат можност да се фотографираат со бендот Creed.

Последната недела фановите на бендот беа во своевидна еуфорија откако дознаа за ова вреќање на бендот во концертна активност после повеќе од една деценија неактивност. Во бендот члениваат Scott Stapp, Mark Tremonti, Brian Marshall, и Scott Phillips а таблоидите во изминатите години беа окупирани од информациите за фронтменот Скот Степ кој што беше на работ на банкрот со проблеми од егзистенцијална природа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Како и да е ова е одлична можност бендот повторно да прозвучи со нивните добро познати хитови од минатото а можеби и во иднина да снимат нешто ново.

Креирано од:


Пренеси го гласот