БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вредните раце на вработените во ЈП “Камена Река” најодговорни за разубавувањето на Македонска Каменица со цветни дезени

Пренеси го гласот

Кога една работа се работи со љубов, трпение и посветеност, со вистинска поддршка на раководните структури во едно јавно претпријатие тогаш резултатите неминовно доаѓаат до израз.

Со поддршката на градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски како и менаџментот во ЈП “Камена Река”, вредните раце на вработените во ова јавно претпријатие продуцираат вистинска убавина за своите сограѓани во општината.

Во сопствен расадник со сопствени ресурси овие вработени произведуваат цветен расад за јавните површини во Македонска Каменица, во функција на разубавување и внесување на вистинска магија во секојдневниот живот на граѓаните на Македонска Каменица.

Ваквите напори на овие вредни луѓе е за секаква почит, затоа што во споредба со нив, менаџментот и локални власти на други општини купуваат цветен расад од приватни субјекти за повисоки цени со што трошат далеку поголеми износи на финансии на граѓаните од јавните буџети за помал ефект во уредување на јавните површини.

Со производството на сопствен расад на цвеќиња вработените на ЈП “Камена Река” покрај заштедата на пари на граѓаните, уредуваат значително поголеми површини со широк диверзитет на цветен асортиман според вкусот на самите граѓани што ја прави нивната работа со далеку поголема додадена вредност за општината.

📢 Работниците започнаа со процес за рано третирање и пикирање на разноврсен цветен асортиман наменет за хортикултурно уредување и разубавување на Македонска Каменица.

✅ И оваа година, расадникот за сопствени потреби на ЈП Камена Река, ќе произведе над 20 000 разновидни цвеќиња. Импозантна бројка на цвеќиња, која според утврдениот динамички годишен план за цветно декоративно уредување на градот, ќе биде засадена во парковите и останатите јавни зелени површини во урбаната средина.

bregalnickimarketing

🌼 Работиме на зголемување на јавните површини опфатени со хортикултурно уредување, со што ќе бидат засадени и делови од повеќе приградски населби во општина Македонска Каменица.”

-стои во соопштението на ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот