Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Детето “Краток Шаржер”(Short Round) од Индијана Џонс II доби Оскар за најдобра споредна машка улога

Пренеси го гласот

На синоќешното доделување на најпрестижната филмска награда во светот,Оскар за најдобра споредна машка улога доби актерот Ke Huy Quan за својата улога во филмот Everything Everywhere All At Once.

Неговото победничко обраќање пред присутниот крем на филмската уметност во Холивуд беше крајно емоционално заблагодарувајки се на неговата мајка која што на свои 84 години го гледала пред ТВ екраните својот син, со зборовите: “Мамо само што освоив Оскар”.

Како што соопшти на гала церемонијата Ke Huy Quan кон врвот на светската филмска уметност својот пат го започнал на брод на емигранти при што една година поминал во камп за избеглици кога доаѓал во САД.

“Велат приказни како оваа се случуваат само во филмовите и неможам да поверувам дека ми се случи на мене! Ова е американскиот сон!”- победнички извика Ke Huy Quan пред присутните актери, режисери и филмски работнии.

Ke Huy Quan е познат по својата улога во филмот Indiana Jones: Temple of doom каде што како спореден лик го играше младиот Short Round (Краток Шаржер) придружник на главниот лик кој го играше Харисон Форд.

На синоќешното доделување на оскарите веројатно поемотивен од самиот Ke Huy Quan беше токму Харисон Форд кој силно го гушкаше својот филмски пријател од пред многу години.

Погледнете го емотивното обраќање на Ke Huy Quan на доделувањето на оскарите од синоќа:

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com