Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански денеска со дел од својот тим беше во посета на Туристичкиот локалитет “Равна Река” каде што започнаа теренски градежни активности за уредување на локалитетот со повеќе нови содржини.
Станува збор за реализација на проект вреден над 12 милиони денари што во голема мера ќе допринесе за забрзување на развојот на целокупната туристичка понуда на Пехчево но и целиот Брегалнички регион.
Проектот се финансира од страна на Бирото за регионален развој преку Центарот а развој на источниот плански регион а краен корисник е општина Пехчево.
Со овој проект општина Пехчево ќе зачекори со големи чекори во сферата на локалниот економски развој преку развојот на туризмот за што бенефит ќе имаат не само жителите на општина Пехчево туку и поширокиот регион.
“Отпочнаа градежните работи за реализација на проектот „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна Река – I и II фаза“. На терен беа излезени Градоначалникот на Општина Пехчево, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион и претставници од фирмата Градежник ИНГ „ДООЕЛ Берово.
Проектот е во вредност од 12.023.416,48 денари и е финансиран од страна на Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година, спроведен од страна на Центарот за развој на Источен плански регион, а краен корисник од реализација на истиот е Општина Пехчево. Времетраењето на проектот е во период од шест месеци од денот на воведување во работа и отпочнување на градежните работи.
Со реализација на овој проект ќе се уреди рекреативниот центар во туристичката населба Равна Река – Пехчево со разни содржини за деца и млади, мултинаменски игралишта и многу други рекреативни содржини за одмор и рекреација.”
-информираше за јавноста градоначалникот на Пехчево Александар Китански во врска со имплементацијата на овој значаен проект за општината и граѓаните.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип