Деновиве делчевските пензионери низ сите поголеми села како и во градот Делчево се особено активни во подигање на својот глас против тешките услови за живот и загрижувачките општи состојби кои што тие како возрасни граѓани ги чуствуваат во свои плеќи.
На свои мини собири сред село како и пред маалските продавнички или локални места за нивно дружење и социјализација, пензионерите од Делчево и поголемите села како што се селата Разловци, Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор, Габрово во надеж дека нивните крици за подобар живот ќе бидат слушнати од надлежните власти, се самоорганизираат за да го кренат јавното внимание на целокупната делчевска јавност за нивните проблеми.
Со месеци наназад пензионерите од Делчево организираа редица протести, прес конференции, собири, мершеви се со цел да бидат слушнати нивните проблеми кои гравитираат во основа на ниските пензии со кои што не можат да преживеат во услови на енормно поскапување на животните трошоци.
Коментарите на пензионерите се дека вака работата не ја бидува и јавно го искажуваат својот револт и разочараност од игнорантскиот однос на властите кои што им ја кројат лошата судбина на овие наши сограѓани.
Ваквите чести собири се случуваат во ек на предизборната кампања што сигурно ќе има свое влијание во бројот на гласови на изборите контра владеачките партии СДСМ и ДУИ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани