БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Врти бројчаникот на Заеви како најбогато семејство на Балканот и тој на задолжувањата на народот

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати своја реакција со остра осуда на планот на власта предводена од СДСМ и Зоран Заев за ново задолжување преку изгласување на нови три закони во парламентот во текот на денешниот ден.

Дополнително Мицкоски реагира и за молкот на Зоран Заев во врска со забњлешките на Венецијанската комисија во контектс на законот за јазиците кој што владата го усвои за донесување во државата.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме реакцијата на Христијан Мицкоски по овие прашања:

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра народни пари за рекламирање и спотови со кои се шират измислени успеси и лажни вести, тие во само еден ден во Собранието граѓаните ги задолжуваат со нови 216 милиони евра. Лицемерно е кога до пред три години критикуваа зошто постојат владини реклами, а сега трошат милиони денари, но преку партијата за лажни успеси, а платени од народот. Ама во тие реклами нема ништо да слушнете за тоа дека денес Владата и Заев преку три закони кои се пред пратениците ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра. Очигледно единствен бројчаник кој врти, освен оној на Заеви, т.е на најбогатото семејство на балканот, е бројчаникот по кој не задолжува власта достигнувајќи јавен долг од рекордни 5.6 милијарди евра, или додека Заев е премиер не задолжил за над 800 милони евра, или околу 4 илјади евра секој еден граѓанин.

Како што во макроекономијата прави компромиси со нови задолжувања, во политичкиот систем прави компромиси на сметка на правото. И денес Заев молчи и нема став за забелешките на Венецијанската комисија, а изборот е или ќе прифати почитување на Уставот и ќе тргне по Европскиот пат, или ќе прифати неправда. Не може Заев да вели дека е за Европски вредности, а неевропски се однесува и не си го почитува Уставот на својата земја. Затоа ајде да поддржиме амандмани кои ќе го направат овој закон Уставен и применлив. Македонија е пред промени, а патот кон обновата за која ќе се избориме е пред се пат на вредности и принципи.

Креирано од:


Пренеси го гласот