БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денес се слави првиот Господов апостол, ова се народните верувања за Св. апостол Андреј

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Свети Андреј Првоповикан е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Тој има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Тој е син на Јонин и брат на Свети Петар. Роден е во Витсаида на брегот на Генизаретското Езеро и по занимање бил рибар. Се смета дека пред да стане апостол, Андреј бил ученик на Јован Крстител. Но според Евангелието на Јован, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет“ тогаш Исус го повикал, и е наречен Првоповикан.

Андреј станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него.Присуствувал на сите големи настани поврзани со Исус Христос, потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух. Во верувањето  Исус Христос, го повикува и братот на Свети Петар , Свети Андреј. Својата вера ја проповедал во Мала Азија, Грузија и Скитија каде се сметал за покровител на Романија и Русија. На Пелопонез во градот Патрас излечил многу болни и многу придобил кон христијанската вера. Дури ги придобил и братот и снаата на градоначалникот поради што овој наредил да биде распнат на крст но не како Исус, туку во форма на буквата Х. Два дена и две ноќи 70-годишниот Свети апостол Андреј се мачел пред да испушти душа.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Руската православна црква го почитува како свој основач. Исто така, се смета дека Свети Андреј ја основал црквата и во Византион, денешен Истанбул. Денеска, константинополските патриарси се сметаат за негови директни наследници. За време на владеењето на цар Константин I Велики неговото тело е пренесено од Патрас во Цариград и е поставено во црквата на Светите Апостоли. Подоцна главата му е пренесена во Рим каде што и денес со многу почести се чува во базиликата Св. Петар.

Во народниот говор името Андреј асоцира на нешто јадро (крупно) па поради тоа е поврзано со верувањето дека од тој датум денот наедрува, се зголемува.

Првиот Христов апостол св. апостол Андреј наречен Првоповикан има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и со неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.

Именден празнуваат: Андреј, Андреја, Андријана…

Неговиот празник е на 13 декември. Нека ни е за многу години.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace