И покрај тоа што е само 16 години возрасна, Грета Танберг успеа да остави огромно влијание во светот. Таа правеше восхитувачки работи, со подигањето на свесноста за климатските промени и животната средина. Сега нејзината работа е забележана на највисоко ниво.
Грета Танберг е овогодинешното лице на годината кое се најде на насловната страница на Тајм Магазинот во чест на нејзината кампања во врска со климатските промени, која што за многу кратко време стана глобално движење.
Откако го основа движењето “Младински протест за климата”, Грета исто така беше номинирана за Нобелова награда, како резултат на нејзиното влијание во целиот свет со нејзиниот ангажман. Но и покрај тоа таа успеа да постигне толку многу.
Во 16-те месеци назад таа се обрати пред водачите на држави во Обединетите Нации, се сретна со Папата, спарираше со Претседателот на САД и инспирираше над 4 милиони луѓе да се придружат на глобалниот штрајк за климата на 20-ти Септември, 2019 година што беше најголем протест за климата во човековата историја.
Големата Маргарет Атвуд дури ја спореди Грета со Јованка Орлеанка. Но нејзиното влијание беше проширено и во литературните речници, откако беше забележана зголемената употреба на терминот климатски штрајк кој Грета го користи, лексикографите од познатиот Колинс Речник го наредија овој термин како зборови на годината.
Поранешниот американски потпретседател Ал Гор, кој што е еминентен активист со животната средина, рече дека Тајм Магазинот направил брилијантен избор.
Грета е отелотворување на морален авторитет на движењето на млади активисти, која бара да дејствуваме веднаш за да ја разрешиме климатската криза. Таа е инспирација за мене и за луѓето низ целиот свет,
-соопшти Ал Гор во врска со поставувањето на ликот на Грета на насловната на Тајм Магазинот.
Танберг полни 17 години во Јануари и не планира да успори со својот активизам. Всушност таа сега присуствува на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Мадрид.
Таа исто така ја урива стигмата околу различностите.
Дел од влијанието на Грата лежи во решеноста да не дозволи на нејзината возраст или нејзината состојба со Аспергер, за која што таа смета дека е нејзина суперсила, да ја спречи во потрагата на она што таа смета дека е нејзина страст. И покрај многуте обесхрабрувања кои што ги приммила, таа никогаш не скрена од правецот кој што и е навистина важен. Токму затоа не е чудо што сега таа добива признание за нејзината работа.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мислимe не може полошо- се лажемe: Врховниот суд пред одлука што може да го урне македонскиот економски систем
Kрис Павловски донираше еден милион денари за семејствата и настраданите
Тошковски: Секој еден којшто допринел за оваа ужасна трагедија којашто и се случи на Македонија ќе одговара, нема да е како досега во случаите