БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заев молчи за “фрлената ракавица” од Мицкоски. Не сака да се откаже од благодетите на амнестијата

Пренеси го гласот

Откако вчера на прес конференција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Зоран Заев беше директно прозван со предлог од претседателот на опозицијата за воведување на нова законска пракса за забрана за вршење на политика за сите амнестирани поединци, се уште нема реакција од штабот на СДСМ или од Зоран Заев.

По тој повод Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес уште еднаш го повика Зоран Заев за воведување на вакво законско решение:

“Заев молчи за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за забрана за амнестија на политичари и аболирани да не се занимаваат со политика зошто така завршува и неговата кариера. Молчи СДСМ зошто им пропадна измамата со амнестијата која сакаа да ја протнат.

Ајде да направиме законски измени со кој ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија да се занимава со политика или да врши јавна дејност во Република Македонија.

Ајде да донесеме решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008 година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија.

Им порачувам на сите од криминално-рекетарската банда на Заев да ги прифатат предлозите, истите ќе бидат донесени, или сега или по 12-ти Април, а сите до еден од власта, сите оние вмешани во Рекет 1, 2, 3 … аферата „Кеш“, оние во криминалните тендери и афери … сите оние кои сега или порано се огрешиле, но и оние кои во иднина кои ќе се огрешат пред законот дека ќе одговараат, затоа што ВМРО-ДПМНЕ аболиција не поддржува и не прави компромиси со правдата.

Македонија не верува во амнестии, Македонија верува во правда и принципи.”

-фејсбук статус на Игор Јанушев.

Креирано од:


Пренеси го гласот