БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Захариев: Штип ќе го направиме најмодерен град во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Граѓаните ја цената мојата работа, на 50 илјади пациенти имам помогнато во овој град, на 50 илјади граѓани сум им влегол во својот дом и двор за да ги ислушам, а 25 илјади граѓани биле во мојот кабинет и секојдневно тие биле примани и тоа го ценат граѓаните и затоа ќе ми ја дадат поддршката во вториот круг, ова денеска на средба со граѓаните на Штип го истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев.

Нема сила што ќе го спречи штипскиот народ да го даде гласот за нас за тие што сме вредни, посветени и работливи и да ги казни сите оние кои ни спремаа погребни опела оваа изборна кампања, кои ширеа црна кампања против мене, моите деца и фамилија, нашата партија и раководството на партијата. Штипјани кој ме познаваат дај те го гласот за бројот 13 на 29 октомври и да победиме со нови дела, нема да застанам во понеделник на 30 веднаш започнуваме со работа, а Штип ќе биде најмодерниот град во Македонија, истакна Захариев.

Извор:Курир

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace