БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заменик-претседателот на Владата Фетаи се сретна со делегацијата на Европската служба за надворешни работи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, г. Арбен Фетаи, денес оствари средба со делегацијата на Европската служба за надворешни работи, предводена од г-ѓа Зузана Михаљцова Шутиакова, шефица на одделението за Западен Балкан.

На средбата, г. Фетаи нагласи дека Владата на Северна Македонија е посветена на враќањето на владеењето на правото во земјата, преземајќи конкретни чекори во борбата против корупцијата и нејзиното спречување.

Заменик-претседателот Фетаи ја информираше европската делегација за чекорите што ги презел неговиот кабинет во оваа насока, вклучувајќи го усвојувањето на Годишниот план за работа, кој е главно насочен кон борбата против корупцијата, формирањето на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата, како и усвојувањето на новата Стратегија за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Беше разговарано и за Реформската агенда на Владата, која продолжува со полн капацитет, во согласност со целите за усогласување со законодавството на ЕУ.

Креирано од:


Пренеси го гласот