Земјоделските стопанства можат да поднесат барања за основна и дополнителна поддршка на доходот по површина и по грло добиток, директни плаќања по единица производ, поддршка на влезните елементи во производството и поддршка за малите земјоделски стопанства.
Барањата се поднесуваат електронски преку веб-порталот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За сите земјоделци на кои им е потребна помош при аплицирањето, на располагање се подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Пред поднесувањето, потребно е земјоделците внимателно да ги проверат и навреме да ги ажурираат податоците во соодветните регистри. За полесно разбирање на мерките, условите и постапката за аплицирање, објавен е и Водич за директни плаќања во земјоделството за 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година.
Извор: МЗШВ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства
67 годишна жена од с. Дрење, Крива Паланка физички нападната од три женски лица околу недоразбирање со крави кои правеле штета
Македонската претседателка го честита денот на Албанската азбука