Градоначалникот на оштина Виница Миле Петков го потпиша договорот за изградба на улици и тротоари во градот Виница и повеќе рурални населени места во општината.
Со 4 милиони денари пари на граѓаните општината Виница овозможува подобар стандард преку изградба на сообраќајна инфраструктура која што до сега претставуваше насушна потреба за жителите.
“Склучивме договор со фирмата Евроградба Инженеринг од општина Василево во вредност од 4.000.000 денари за изградба на улици и тротоари во Виница и населените места.
Веќе од наредната недела ќе започнат градежните активности за изградба на тротоар на улиците “Никола Карев” и “Јане Сандански”, во истиот договор е опфатено изградба на тротоар на влезот во с.Јакимово и поплочување на улици во с.Истибања, с.Блатец, Пекљани и другите населени места.”
-соопшти Градоначалникот Петков во врска со почетокот на овие проекти за граѓаните.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево