“Во Carne viva читателот ќе најде сетилни нијанси меѓу стиховите, борбата, страста и инкарнацијата на оските на поезијата на Наташа Сарџоска, сега – за прв пат – во дело целосно на шпански-; Ова ќе биде неодминлив доказ за универзалноста на авторот во време создадено од толку различни времиња и светови, чувствувајќи и да биде човек повеќе од само примерок од таа потрага во зборот како претстава на секоја реалност што ја игнорираме.
Сарџоска во оваа книга, која би можела да биде и патничка тетратка, го истакнува искуството на женското тело: забраната на зборот кога, пред да се каже нешто, прво се живее. Овој свет го дава она што го дава во она што го одзема и угодува толку многу колку што боли; Се зема со петте сетила, со мерка и разврат, со најцикличните моменти: талкање наоколу без багаж во овој универзум на живи тела и она што нè прави интимноста преку себе.”
-овој текст стои во опис на Шпански јазик на шпанската платформа на Амазон како објаснување на книгата “Carne viva: Selección poética (Poesía)” од Наташа Сарџоска.
Со тоа ова литературно дело е ставено на дофат на целиот хиспанофонски свет кој што подразбира голема и префинета читателска публика на сите краеви на Земјата.
Наташа Сарџоска е поет, писател, есеист, преведувач и антрополог која што потекнува од Скопје, но живеела како граѓанин на Евопа во повеќе европски градови. Има докторирано антропологија на Универзитетот „Еберхард Карлс“ во Тубинген, на Нова Сорбона во Париз и на Универзитетот во Бергамо по магистратурата во рамките на програмата „Еразмус“ на одделот за книжевност, културолошки студии и комуникации на Универзитетите во Лисабон (Португалија), Бергамо (Италија) и Перпињан (Франција), со магистерска теза за италијанскиот писател, поет, режисер и драматург Пјер Паоло Пазолини.
Нејзината импресивна творечка биографија се состои од голем број на дела и трудови на голем број светски јазици, перформанси и остварени соработки ширум Европа.
„Сина соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ и „Крстна коска“, се насловите на нејзините авторски книги но има напишано и голем број раскази, есеи, колумни и академски трудови.
Поезијата на Наташа Сарџоска е преведена на повеќе од 15 светски јазици и објавена во познати светски книжевни ревии и антологии (Колумбија, Италија, САД, Аргентина, Мексико, Чешка, Израел, Грција, Србија итн.)
Нејзината поезија се изведува како дел на високовреднувани во светски рамки поетски перформанси и фестивали со што ја надминува ограниченоста на заробеноста на поетскиот бор на парче хартија и се претвара во аудио-визуелен перформанс од повисоки размери на живо културно наследство.
Погледнете во продолжение нејзин перформанс на нејзината поезија преку визуелизација на нејзините стихови достапна на социјалните мрежи:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија
МВР излезе со детали за приведувањето на Македонци во село Галате, Гостиварско