Додека во некои општини во Брегалничкиот регион масовно се укинуваат, се деградираат и се забораваат традицијата и традиционалните настани кои што служат за афирмација на локалните вредности на народот во едни пошироки рамки на регионално, државно и меѓународно ниво, општина Виница предводена од актуелниот градоначалник Миле Петков ја заживува подзаборавената традиција на виничани.
Во текот на изминатиот викенд во саботата во Виница се одржа традиционалната спортско- рекреативна манифестација “Тодорови трки 2023”.
Голем број на дечиња, млади, возрасни граѓани од сите возрасни граници на Виница имаа можност да уживаат во натпреварувачкиот дух во различни дисциплини кои што помеѓу граѓаните на ова поднебје од дамнешни времиња се одржуваат.
Трчање на различни далечини, трчање со јајце во лажица, трчање во вреќа, трчање со шише на глава, трчање со врзани очи, трчање со патерици, трчање наназад, возење со велосипед на повеќе растојанија, тегнење со јаже, трка со коњи, јадење тортини…. ова се дисциплини во кои граѓаните на Винице се вистински мајстори во натпреварување.
Свое обраќање на настанот имаше и градоначалникот Миле Петков кој што е главен организатор и покровител на манифестацијата. Голем број на приватни компании исто така беа спонзори на самиот настан кој што веруваме дека во иднина уште повеќе ќе се афирмира и развива.
“После три годишна пауза Тодоровите трки беа повторно одржани. Во саботата Виница живееше во духот на Тодоровите трки. Горди и радосни сме за големата масовност, полните трибини покажаа дека традицијата продолжува и културното наследство се негува и афирмира.
Досегашната пракса покажала и докажала дека традиционалните обичаи, настани и манифестации се тие кои што најмногу допираат до народот, ја будат колективната свест, го креваат заедничкиот дух и се најрепрезентативен синоним за единство и сплотеност.
Возрасните за пример а најмалите на терен со сета своја енергија го разбудија натпреварувачкиот дух, бидејќи сепак победата е врв на задоволството. И овој пат игрите ги започнаа претставнички од пензионерското друштво “Златно доба”, веднаш по нив продолжи групата со деца од предучилишна возраст. За прв пат оваа манифестација можеше да се пренесе и следи во живо.”
-информираше градоначалникот на Виница Миле Петков во врска со овој преубав настан.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Европска недела на мобилност – дебата за сообраќајните предизвици во Кочани
Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024
Одржана традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ во Кочани