БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Лефков: Ајде министри на вистински терен да спортуваме

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Миле Лефков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дел од викендот го помина во спортска сала каде што со свои пријатели спортуваше и рекреираше.

Фотографијата која што Лефков ја сподели во јавност по суштина одговара на фотографијата која што Артан Груби ја сподели со јавноста на која што се гледа како првиот вицепремиер и неговите пријатели (министри) спортуваат во канцеларија платена со парите од граѓаните а наменета за други поважни работи кои што министрите на ДУИ ги заменија со спорт во минијатурна верзија.

Додека министрите на ДУИ удобно сместени во своите блескави канцеларии во функции дебело платени од парите на граѓаните, и покрај големото несогласување на мнозинството граѓани со политиките кои ги спороведува владата, ја замајуваат јавноста со некакво привидно единство во нивните партиски редови, пратеникот Миле Лефков од вистински спортски терен ги повика министрите да си ги измерат силите на вистински спортски начин како што доликува.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквиот повик кон министрите на ДУИ можеме да го протолкуваме како повик за вистинска политичка пресметка на избори кои што актуелната власт во која доминантна улога имаат токму овие министри на ДУИ по секоја цена ги избегнува.

Криењето на министрите на ДУИ во своите канцеларии кои се обидуваат да пропагираат некакков спортски дух, наспроти вистинскиот спорт кој што го практикуваат пратениците и партиските активисти на ВМРО-ДПМНЕ на алегоричен начин одговара на бегството на владата на Димитар Ковачевски од вистинска политичка пресметка која ја избегнуваат поради својата политичка инфериорност во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

“Кошче во канцеларија е за утринско шутирање “кош” со хартијата од бурекот. 😉

За спорт и рекреација има викенди, а има спортски сали и терени!

Ајде министри…

#НиеСмеЕкипа

-симболично напиша пратеникот Миле Лефков на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace