Целокупната Македонска јавност наголемо се сеќава на лагите и манипулациите со кои што СДСМ и нивните сателит партии дојдоа на власт во Македонија. Откако пропаднаа сите лажни ветувања за подобар живот на граѓаните на власта, СДСМ и нивните активисти наголемо прибегнуваат повторно кон лаги и манипулации во јавноста.
Цел на напад од страна на провладините ботови на социјалните мрежи овојпат е градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов за кого шират манипулации дека си ја покачил платата, во обид на безидејност на централната власт на СДСМ и ДУИ да се дискредитира еден од најуспешните и најпосветените градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Во јавноста со своја реакција во врска со ваквите ботовски напади со свој демант се обрати градоначалникот Јорданов кој што со аргументи ги разобличува нападите за очигледна негова дискредитација во јавност:
“
Лажна вест и дезинформација е дека мојата плата ќе се покачи, а целта е јасна, да се наштети лично на мене како Градоначалник и на работата на Општина Штип!
Згрозен сум од ваквите обидите на СДС, но во исто време и силно мотивиран …
Како Градоначалник на Општина Штип, сакам да ја обелоденам вистината за лагите и измислиците, кои се шират од кујната за лажни вести на СДС.
Целосно ги демантирам лажните вести, поврзани со платата на Градоначалникот на Општина Штип и ја информирам јавноста дека не се работи за зголемување на платата на Градоначалникот, бидејќи секој што го познава Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, знае дека платата на Градоначалникот е утврдена со член 17-в од споменатиот закон, во кој за исплата на плата на функционери и именувани лица, основицата е законски утврдена, а коефициентот со кој се множи основицата, се пресметува според бројот на жители.
Mojата плата останува иста како и на сите Градоначалници на Општина Штип пред мене, доказ за тоа е дописот од Министерство за финансии, во прилог на оваа објава!
А во периодот што следи веројатно ќе се начитаме вакви измислици и лаги, што за жал на нашите политички опоненти им е единствена надеж за добивање на ситни политички поени!”
-стои во реакцијата упатена во јавност од страна на градоначалникот на Штип.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип