БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зградата на седиштето на Кинеската народна армија во Хонг Конг- историско обележје на политичките превирања во регионот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изградена во 1979 година, зградата на сегашниот штаб на гарнизонот на Кинеската народна армија за регионот на Хонг Конг во себе освен политичко содржи и архитектонско значење.

Со поштањето во употреба оваа зграда била именувана како “Принцот од Велс” од страна на поморските сили на Велика Британија кои биле стационирани во овој залив на Хонг Конг. По примопредавањето во 1997 година на властите во Пекинг оваа зграда станува седиште на Кинеската Народна Армија. Армирано бетонскиот скелетен систем на зградата кој за морнарите кои се укотвуваат во пристаништето пред неа, создава перцепција на превртено шише со џин, била своевидно добредојде за сите светски морнари. Истовремено тесната основа од архитектонска гледна страна претставувала физичка потешкотија за потенцијални освојувачи на погорните катови на зградата поради ограничените можности за нивно движење по вертикала во поголем број на лица.

Од структурна гледна точка стабилноста на оваа зграда која пркоси на било каква асеизмичка логика, но сепак мегаломанскиот начин на размислување и раскошот на градителскиот дух на кралските поморски сили на Велика Британија наспроти сиромашниот социјализам на НР Кина биле доволна причина со оваа зграда Британската колонизаторска сила да упати една ваква градежничка порака за придобивките на западното живеење во срцето на Кина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот