БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Жителите на с. Стамер, делчевско живеат во смрдеа од фекалиите кои течат низ селото, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повеќе апели упатени до јавноста од страна на жители на делчевското село Стамер, во врска со состојбата со животната средина воопшто, и немањето на слух за ваквите проблеми од страна на надлежните, алармот за ваквата состојба се подигна и на политичко ниво.

Станува збор за проблеми кои што жителите на Стмер ги имаат подолго време со комуналниот смет во селото, како и истекот на фекалии од канализациската мрежа која била наводно санирана пред извесен период, според информациите пренесени во јавност од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево упатија своја реакција во јавноста во врска со истекот на фекалии од канализацијата низ самото село какко и за ѓубрето кое што е присутно во Стамер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Неможе а да не реагираме на распашлукот кој го демонстрира директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево, Стојче Стојковски.

Станува збор за проблем на кој константно му реагираат жителите од с. Стамер, проблем кој што го загрозува нивното здравје.

При “санација на канализационата мрежа во с.Стамер” , отпадните води и фекалии буквално се оставени да течат низ селото.

Во овие жешки денови смрдеата е неподнослива!

Но, тоа не е најстрашно!

Најстрашно е што тече на метар до селската чешма од каде точат вода за пиење и служи за напојување на добитокот. Не сакаме ни да помислиме какви последици ќе има по здравјето на жителите на с.Стамер, доколку дојде(ако веќе и не дошло) до мешање со водата што тече во чешмата а, за која дирекно виновен ќе биде директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево.

За тоа дека одамна не се собира ѓубрето од ова село од страна на ЈКП “Брегалница” Делчево,нема ни да коментираме.

Се гледа и од самите слики!”

-стои во интегралниот текст на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace