Со сретства обезбедени од Европската Инвестициска Банка и од Буџетот на општина Лозово, наскоро ќе започне изградбата на нова канализациска мрежа за прибирање и одведување на фекални води во селото Ѓуземелци во општина Лозово.
Станува збор за изградба на I фаза на фекална канализациона мрежа во проектирана должина од 1,24 км како и изградба на анаеробна пречистителна станица за 100 еквивалент жители.
“Решаваме уште еден долгогодишен проблем на жителите од с.Ѓуземелци
Би сакал да Ве известам дека во тек е Тендерската постапка за градба и надзор за реализација на проектот ,,Изградба на фекална канализација во с. Ѓуземелци – I фаза,-општина Лозово.
Изградбата на фекална канализација за отпадни води во с. Ѓуземелци се предвидува да се гради во две фази.
Предмет на оваа јавна набавка е реализација на прва фаза и се однесува на изградба на дел од фекална канализациона мрежа односно изградба на колектор К0 и краците К1, К2, К3, К6 и К7 со вкупната должина од 1.242,35 м.
Исто така ќе се изврши градба на анаеробна пречистителна станица за отпадни води за 100 Еквивалент жители.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Европска инвестициона банка и кофинансирање од страна на општина Лозово
п.с. Решаваме реални проблеми“
-информираше Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол