БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зимата сеуште е во полн ек, ова се најубавите дестинации за љубителите на зимата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Иако пролетта ни е на праг, зимата сеуште е во полн ек, така да за љубителите на снегот и на зимата сеуште има фантастични дестинации кои можат да ги посетат и во оваа доба.

Овие места ви нудат безброј возбудливи и снежни моменти:

Алта Бадиа – Италија

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посетете го едно од шесте села познати како Алта Бадиа, со локација веднаш под Алпите. Совршено место за оние што сакаат да скијаат, да јадат вкусна храна и да пијат греено вино.

Салцбург – Австрија

Ако сте љубители на музиката,покрај љубовта кон зимата и ниските температури тогаш најдоброто место за вас е совршениот Салцбург, каде што се наоѓаат дел од најпознатите музички музеи на планетата Земја.

Баварска – Германија

Вистинската зимска бајка започнува во Баварска, каде што ќе имате можност да видите прекрасни замоци и дворци покриени под густ слој снег.

Кируна – Шведска

На само неколку километри од Кируна се наоѓа познатиот Леден хотел – уметничка изложба и хотел направени од свеж снег. Оваа атракција работи само во текот на зимата и може да смести до 80 луѓе одеднаш. Дестинација вредна за посета.

Рејкјавик – Исланд

Местото на популарната ТВ серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones). Градот нуди изобилство од места вредни за посета.

Прага – Чешка

Греено вино, историско-туристичка прошетка, лизгање, Карневали, снег, љубов… сите овие нешта можете да ги најдете на само едно место – во Прага!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace