БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зоран Заев ветил дека ќе ја наштелува бројката на албанци над 32% на планираниот попис

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од партиската говорница денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски изнесе шокантни сознанија дека Зоран Заев има ветено дека ќе ја наштелува бројката на албанци во Република Македонија според планираниот попис да биде над 32%.

Во продолжение во целост интегрално го пренесуваме текстот на оваа прес конференција:

“Пописот што го подготвува СДСМ и ДУИ ќе биде попис единствено на две партии, а не попис на сите граѓани и Република Македонија како статистичка операција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Овој попис кој го турка СДСМ е политички попис, а не статистички како што треба да биде и како што е секаде во светот и во развиените земји.

За жал, ова брутално силување на оваа статистичка операција – попис, е единствено затоа што Заев има веќе договорени бројки на тоа колку жители има Република Македонија од одредени етнички заедници. Ова е цена на коалицискиот договор помеѓу Заев, СДСМ и ДУИ, кој мора да го исполни СДСМ.

Заев, СДСМ, Али Ахмети и ДУИ веќе имаат договорено и ги знаат резултатите и бројките кои што треба да ги даде резултатот од пописот. Попишувањето на население само со издиктиран матичен број на одреден човек е услов поставен затоа што Заев има ветено дека бројката на Албанци во Република Македонија според пописот ќе биде над 32% од населението.

Затоа, веќе пописот не е статистика, туку е гола политика и затоа ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на овој закон и носење нов со консензус кој ќе биде од корист на Република Македонија и граѓаните, а не на одредени политички партии, конкретно парламентарното мнозинство.

Доколку го изгласа на сила СДСМ, ние ќе собираме потписи од граѓаните за да го поништиме овој закон и да донесеме сите заедно нов закон.”

Креирано од:


Пренеси го гласот