Од она што може да се види и пред се слушне во еден од последните музички спотови на култната група Dead can dance во најкраток манир можеме да кажеме дека станува збор просветлувачка и екстрмно продуховена стилска глорификација на безвременскиот одек на светот врз манифестацијата на човечкото битие и неговите сетила за вид и слух.
Силината на моќните безвременски вокали на Лиза Жерар и Брендан Пери, пренесена низ затреперувачките вибрации на пред се жичаните инструменти давааат своја епска нишка која се проткајува во сите нивни музички фантазии.
Беспрекорната и хуманоидна продукција е главен извор на толина и динамика во ова музичко остварување, кое веројатно е претставник на уште една незаборавна приказна.
Планината треба да се искачи.
Започнете со качување пуштајќи плеј на сл. видео:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години