Хорор во Штип
– Дваесет и шест годишен штипјанец со иницијали А.М. 10 дена во заложништво ја држел 24-годишната Е.М заедно со нејзините две малолетни деца.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека А.М. во периодот од 11 до 22 април ги држел противправно во стан, а потоа и во куќа во Штип, каде што во повеќе наврати ја силувал, тепал, а при интервенција на полицијата и физички нападнал полицаец.
Против А.М. е поднесена кривична пријава по четири основи, за извршени кривични дела и тоа „противправно лишување од слобода“, „силување“,„напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и ,,загрозување на сигурноста“.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево