На 15.05.2026 во 20:32 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, патничко возило „мазда“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(53) од с. Нов Истевник, делчевско, на место викано „Курачка мала“, атар на с. Нов Истевник излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишната В.А., а со телесни повреди се здобиле нејзиниот 12-годишен син, двајцата од Делчево. Со повреди се здобил и возачот К.Г., констатирани во Медицински центар Штип. По преземени мерки, полициски службеници кај возачот констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол и кај него биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта. Истиот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
53 годишен жител од с. Нов Истевник излетал со свoето возило од патот кај “Курачката маала”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!