По повод празнувањето на Денот на градот – 8ми Ноември, ќе се организира турнир во табла “Неготино опен 2018” веќе по десети пат во овој град, на традиционалниот датум. Турнирот ќе се одржи од 6 до 8 ноември во кафе барот “Стефани” во старата градска чаршија. Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а за најдобрите учесници наградата ќе изнесува 15.000 денари.
Бројот на учесници на турнирот е ограничен на 64, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков.
Турнирот ќе биде отворен на 6 ноември (вторник) во 17.00 часот кога ќе биде одиграно и првото коло од истиот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!