“Рак” е страшен збор кој што никој не ужива кога го слуша. Реалноста говори дека колку побргу се дијагностицира, толку порано третманот може да започне и Вашиот живот би можел да се врати во некаква нормала. што побргу.
Познавањето на фактите и разбирањето на симптомите е добар начин да се осигурате дека нешто не е во ред и истото да го пресретнете навреме.
Во продолжение наведуваме 6 знаци (индикатори) кои што можеби укажуваат дека имате рак:
1.Ненамерно губење на телесна тежина
Освен ако активно не се обидувате да намалите тежина, произволно губење на телесна тежина е индикатор после кој дефинитивно треба да посетите доктор.
2. Промена на вашата кожа
Многу важно е да ги посматрате промените на вашата кожа а не само бемките и нишаните кои ги имате. Во многу случаи пожолтувањето, црвенилото или појавата на темни дамки на вашата кожа е знак дека се случува нешто неповолно. Исто така можно е овие индикатори да бидат знак дека се присутни проблеми во ткивото под кожата и да не се воопшѓто поврзани со постоење на рак но затоа најдобро во таков случај е да посетите доктор.
3. Сериозна болка
Зависно од различни видови на рак можете да почнете да осеќате подолготрајни периоди на болкана засегнатата област во телото. Ракот на коските, мозокот или на половите органи најчесто се откриваат први поради болката која е придружена на нивната појава. Но во најголемиот број на случаи ракот не манифестира болка во почетните стадиуми на појава.
4. Незараснати рани
Од усни ранички кои подолго време не зараснуваат до пукнатини кои подолго време им треба да исчезнат се знаци дека вашиот имунолошки систем не се однесува нормално што е доволен аларм за да посетите лекар.
5. Необјасниво крварење
Ако утринското кашчање почнува во себе да има знаци на крварење или ако мокрачата не ви изгледа нормално, потребно е веднаш да посетите лекар. Рак на белите дробови е потребно подолг временски период да се развие што попатно манифестира пукање на крвни садови во помал обем кои што пак индицираат искашлување на крв, што е сериозен аларм за присутноста на овој вид на метастаза.
6. Промени во работата на цревата
Кај сите луѓе работата на цревата се манифестира различно согласно исхраната и квантитетот и квалитет на храна. Ненадејни промени во работата на цревата пропратени со подолготрајни болки е аларм дека нивното функционирање можеби е загрозено од некоја метастазирачка присутност. Затоа потребно е специјалистичка анализа за осигурување на потеклото на ваквите промени во цревата.
Пред да донесете било каков заклучок во врска со овие симптоми најважно од се е да консултирате лекар, со што со сигурност може да се отфрли или потврди присутноста на канцер во телото.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Конечно Скопје и Македонија добиваат нов метал фестивал на отворено
Сара Мејс го оживеа божиќниот дух на македонската музика – Божественото патување на Псалм 150 до Давидовата харфа
“Калата” е бендот а “Филка мома” е волшебната песна која ќе ве стопли во овие студени зимски денови