Сите оние што гласаа за СДСМ на последните парламентарни избори, денес се најодговорни за силата и моќта која што ја имаат ДУИ во сегашнава постава на Владата на Димитар Ковачевски.
ДУИ никогаш не била посилна и позначајна политичка сила во Македонија како резултат на сервилноста на поединци во врвот во владата.
Поради стравот од рушење на владата Ковачевски, Битиќи, Маричиќ и сите останати министри на СДСМ во владата мораат да им удоволуваат на сите барања на Османи и Артан Груби, додека вентилот за сите вработувања, плаќања, финансирање на проекти е во рацете на Фатмир Бесими од ДУИ. Оливер Спасовски е полетан со помисла да станува Претседател на државата, па не се меша многу во аспирациите на челниците на ДИУ, очекувајки нивна поддршка на претстојните претседателски избори. Останатите министри на СДСМ се само декор во владата и гласачка машинерија која чкрипи кога треба да се гласаат проекти во кои кајмакот го собираат луѓе од ДУИ.
Сите добронамерни членови, симпатизери и активисти на СДСМ од Делчево и целокупниот регион сето ова го гледаат и премолчувајки го одобруваат, уплашени за сопствените бенефиции и придобивки кои ги носи власта….
На тој начин цела источна Македонија тоне неможејки да се излобира ниту еден поголем проект неопходен за развој на Брегалничкиот регион.
Ваквата пракса има тенденција да продолжи и во иднина доколку народот повторно им даде вакков легитимитет и сила на ДУИ со тоа што ќе гласа на претстојните избори за СДСМ.
https://www.facebook.com/reel/217791031165145
Коментар на: Кирчо Анастасов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст