Денеска во рамки на својата работна агенда челните луѓе на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ остварија многу значајна средба со бизнис заедницата на стопанственици од Гевгелија.
Во услови кога економијата во Македонија тоне како резултат на хаосот и беззаконието предизвикани од лошата власт, постоечките бизниси се во целосна агонија и регресија. На средбата биле истакнати низа на проблеми со кои се соочува стопанството во Гевгелија но истата слика се пресликува насекаде низ државата.
Овие средби на врвот на ВМРО-ДПМНЕ се во функција на увидување на лице место директно од засегнатите страни со какви проблеми се соочуваат па врз основа на тоа во иднина да се гради политиката во државата по превземањето на власта од страна на сега опозициската партија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година
SPAR официјално влегува на македонскиот пазар со отворање на првиот INTERSPAR маркет во Скопје
Д-р Агуши: Поддржувајќи го процесот на трансплантација, пренесуваме порака до сите дека ова е највисок морален чин