-Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем – од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега, истакна министерот за здравство Азир Алиу на свечената академија во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.
Во обраќањето тој ја нагласи и заложбата за континуирано унапредување на условите за работа, професионален развој и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи.
Воедно, упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за пациентите.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово