Несекојдневен храбар потег на велосипедисти од Прилеп, Битола, Струга и Гостивар кој го искачија планинскиот врв Кајмакчалан со велосипеди. Тие го совладаа големиот џин на планината Ниџе кој се издига на 2524 метри надморска височина. Турата стартувала од селото Скочивир од каде се упатиле кон врвот Кајмакчалан во 6:00 часот утрото на 12.08.2018.
Шест ипол часа подоцна стигнале до највисоката точка на врвот, каде го кренале и развиориле Македонското знаме. Кајмакчалан е еден од најтешките врвови за искачување во Македонија, а целата тура била во должина од 70 км, искачување и спуштање., а храбрите момци и девојки тоа го направиле со велосипед.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
АД МЕПСО ДОДЕЛУВА 15 СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО ЕЛЕКТРОТЕХНИКА
Министерот Клековски на Денот на здравјето на COP31: Здравјето мора да биде во центарот на климатската акција