Врвни музичари,виртуози на кларинет и канон , интерпретирани низ композиции со етно-поп-џез стил, во магичен антички локалитет е совршено место за загарантирано уживање. Кларинетистот и светски познатиот и признат Исмаил Лумановски, заедно со членовите на неговата група „Њујорк џипси ол старс“, приредија незаборавно шоу во Хераклеа Битола.
Лумановски ја покажа својата виртуозност во секоја музичка област. Членовите на групата, исто така врвни изведувачи, со целата енергија го дадоа најдоброто од себе и приредија вистинско музичко задоволство.
Бројната битолска публика во локалитетот Хераклеа со громогласен аплауз го награди Лумановски, кој пак заблагодарувајќи и се на публиката уште еднаш истакна дека му се исполнил животниот сон да музицира во објект полн со историја и енергија.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи