Соопштение на Иван Соколов-Координатор на Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Австралија, Европа и Америка.
Денеска, 17.08.2018 година, во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претставниците на ЗК го информираа претседателот за ситуацијата на македонците во дијаспората, пренесувајќи му дека македонската дијаспора од Европа, Америка и Австралија стои зад ВМРО-ДПМНЕ и одлуките на претседателот Мицкоски.
Истовремено истакнаа дека Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас и дека истиот нема да биде поддржан од нивна страна. Претседателот Мицкоски ги информираше за актуелната политичко-економска состојба во Република Македонија и за штетните политики кои ги води Зоран Заев. Заемно се заклучи дека политиките на Заев ја уништуваат Република Македонија и ја враќаат назад во минатото, истовремено создавајќи чувство на огорченост кон ЕУ и НАТО. Исто така беше изразен ставот на дијаспората дека Мицкоски достојно е на линијата на националните интереси на државата, Република Македонија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“