Континуитетот на Македонскиот идентитет задира длабоко во антиката со генеза од династијата на Аргеадите од чија што линија доаѓаат Филип II Македонски и неговиот син Александар III Македонски. Токму тој идентитет низ разно разни асимилаторски пројави како низ историјата, и денес е под директен напад поради континуитетот на Македонското постоење и вредностите кои што како народ кој се идентификува како Македонски со себе го носиме.
Во 1923 година Илинденската Организација испечатила свој календар на кој што со илустрации се прикажани поедини личности од историјата кои што работеле и живееле во различни периоди од човековата цивилизација идентификувајки се како Македонци.
Централно доминантно место на календарот завзема Александар III Македонски а во помала илустрација се наоѓаат Светите браќа Кирил и Методиј, Св, Климент, Цар Самуил, 5- Крале Марко, Трајко Китанчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Борис Сарафов, Атанас Јанков.
Најгоре на календарот стои испишано:
“Македонија и нејзините големи синови. Александар Велики- Цар на Македонците. “
Во долниот дел на календарот над илустрациите на останатите Македонци со помала илустрација стои:
Херои борци за слободата на Македонија.
“Не се гаси тоа што не се гасне”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун