Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на социјалните мрежи сподели своја реакција во врска со пресудата против него изречена од страна на Основниот граѓански суд во Куманово по тужба на неговиот колега Мартин Костовски од СДСМ.
“За првпат во историјата на плурализмот во Македонија, пратеник е осуден за став искажан од собраниската говорница.
Ова власт повеќе не е ДИКТАТУРА, туку комплетно премина во ТИРАНИЈА.
Токму за да се оневозможат ваквите притисоци врз опозицијата, Уставот и Законот предвидуваат имунитет на пратениците за ставови искажани од собраниската говорница.
Но, одамна Уставот и Законите на оваа држава за власта на ДУИ и СДС се само обична хартија за еднократна употреба.
Јавно им кажувам, ниту ќе ме уплашат, ниту ќе ме замолчат, ниту ќе ме запрат да им ги кажувам криминалите дирекно очи. Уште помалку пак ќе ме присилат да им ги гласам уставните измени.
Напротив, само уште повеќе ме мотивираат![]()
Нека се подготват наредниот период да преживуваат уште посериозна “душевна болка”
“
-напиша на фејсбук Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ при што ја сподели пресудата:




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година