Прославениот холивудски режисер Зак Снајдер познат по своите филмски хитови “300”, “Човек од челик”, “Бетмен против Супермен: Самрак на правдата”, “Лига на правдата”, се избори и ги доби правата за филмска екранизација на сценариото за филмот “Крв и пепел” што се смета за продолжение на приказната од античкиот свет за легендарните спартански војници пренесена преку филмот “300”. Ова е втор обид на режисерот за да го сними овој филм, откако првиот пат беше одбиен да го сними од страна на филмските студија на Ворнер Брос. Сценариото е напишано од самиот Зак Снајдер со план да се снима веднаш по реализацијата на филмот “300: Подем на империја” но поради разидување на креативните патишта на еден од најзначајните режисери на денешницата со WB студијата истото беше ставено во фиоките на филмскиот конгломерат.
Приказната во “Крв и Пепел” гравитира околу љубовната хомосексуална врска меѓу Александар III Македонски и неговиот прв војсководец Хефастион.
За Зак Снајдер ова е љубовна античка приказна исполнета со епски историски битки но со поширок пристап на емотивноста и човечкиот сензибилитет на главните протагонисти.
Зак Снајдер е актуелен со филмот Бунтовничка месечина (Rebel Moon) чија што премиера е закажана за 22 декември во продукција на Нетфликс.
Хомосексуалната љубовна врска на Александар со неговиот војсководач и претходно до одредена мера беше екранизирана на големото платно во историскиот спектакл “Александар” на култниот режисер Оливер Стоун од 2003 година


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости