Овој меч е еден од најинтригантните антички оружја кое што потекнува од пред 2500 години а денес се наоѓа во Музејот на провинцијата Хубеи во Кина. Мечот бил сопственост на владетелот Гоуџиан кој што владеел во период од 496-465 година п.н.е. а со кој стоел на чело на армијата која што ја анектирала една од соседните територии управувана од противнички владетели кои се заканувале на неговото владеење со децениски борби и пустошење.
Со исклучителна мајсторија создавањето на овој меч претставува еден од најмистериозните а воедно и највосхитувачки вештини за создавање на вакво мајсторско ремек дело.
Кога бил пронајден мечот во антички гроб во Хубеи во 1965 година тој бил изваден од ископините во совршена состојба со зачуван сјај и острина на сечилото што според кажувањето еден од присутните археолози се пресекол кога го допрел сечилото за да ја провери неговата острина.
Неговата презервирана состојба се должи на хемискиот состав но и вешитната на кој начин бил изработен од неговиот мајстор. Сечилото на мечот се состои од Хромиум сулфид што му дава исклучителен сјај и отпорност наспроти атмосферските влијанија со кои бил опкружен во неговиот животен век. Во 1994 година мечот бил преместен на изложба во Сингапур каде што бил оштетен поради невнимание на еден од вработените луѓе кои оперирале со него. Од тогаш постои државна забрана за негово преместување било на кој начин од неговото примарно место во музејот во Хубеи.
Со неговата состојба, изглед и значење овој меч во колекционерските кругови во светот е познат како “меч на врвот од светот”.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ