Од „бомбите“ дознавме дека некогашните власти се служеле со методи на присила, за да ги принудат граѓаните да излезат на избори и својот глас да го дадат за нив. Така, на пример, беше речено дека ако треба Ромите од Шутка за уши ќе биле влечени за да отидат на избиричките места. Сега, работите битно се променети и греота е човек да се жали.
Наместо за уши, беше речено (можеби и наредено?) работниците за гладните стомаци да бидат влечени за да успее Референдумот. За таа цел, доволно било бизнисмените/газдите да ги почестат работниците, како да се работи за стока, која се носи на поило за да се напои, т.е. почести, воопшто непрашувајќи се зошто оние кои го произведуваат сето богаство во една држава се со празни стомаци. Во секој случај, напредокот е видлив – од влечење за уши, се стигна до празни стомаци, кои ќе требало (пригодно и еднократно!) да се почестат.
Една власт ојде, живот не дојде.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи