БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Синот на пратеникот Хари Локвенец доби државна стипендија од 113 000 евра-народни пари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако во јавноста беше објавено дека ќерката на Никола Димитров ќе студира во Холандија на државна сметка преку добиената стипендија од Министерството за образование и наука на Република Македонија, вчера на социјалните мрежи беше објавен и Договорот за доделување на сретства за прв циклус студии во странство на синот на пратеникот Хари Локвенец, Тале кој добива 113 илјади евра годишна државна стипендија за студирање во Велика Британија.

На тоа со потсмев и со негодување реагираа многу млади луѓе во државата.

Колку е морално или етички оправдано за еден висок државен функционер како Хари Локвенец кому не му недостасуваат финансии, врз основа на неговите приходи од државниот буџет,  уште повеќе истите да ги користи за своето семејство оставаме на нашите читатели да проценат сами.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нашата порака е дека во Република Македонија има група на граѓани кои преживуваат со помалку од 100 денари дневно, а од друга страна група на граѓани кои не си го знаат богатството. Социјалната поделеност во државата е толку висока што лесно може да ја искомплицира и така комплицираната политичка состојба во Македонија.

Занадминување на ваквата неповолна состојба искрено се надеваме дека властите ќе почнат многу брзо да го третираат проблемот со што би се намалиле социјалните разлики и долниот праг на сиромаштија кој завзема се поголем замав во државата.

Извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот