Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бојкотираат наставата, а родителите протестираат.
Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која денес морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.
-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да се промени. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се најде решение, изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.
Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.
Извор: Курир.мк

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!