Благодарение на тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА,
Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ набави дополнителна количина
риба за порибување на езерото Калиманци. Во оваа прилика извршено е порибување
на езерото со околу 2000 килограми крап.
Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“,
преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен
подмладок и порибување на езерото Калиманци. Дополнителни финансиски средства се
донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.
Оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од
активностите кои Рудник САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на
локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга