Во тек е рехабилитација и реконструкција на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода – локална акција што Општина Кочани ја реализира според договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“.
Досега е отстранет постоечкиот асфалт, демонтирани се старите рабници и теренот е тампониран. Се очекува фирмата „Стоименов“, како избран економски оператор, наскоро да го постави новиот асфалтен слој.
Реконструкцијата на овој дел од улицата чини близу 5 милиони денари. „Ромалитико“, со проектот „Заедно за просперитетна заедница“ поддржан од УСАИД, обезбедува 40 % од износот, Министерството за транспорт и врски, преку Декадата на Ромите – 1.174.000 денари, а остатокот се средства од Општина Кочани.
Со цел да обезбеди подобра заштита од неконтролирано исфрлање отпад, на коловозот на „Стамен Манов“ кон Фабриката за вода, Општина Кочани ќе постави банкини.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Некој од неговите сериозно го “лизнал” Филипче во Делчево
Двајца виничани физички нападнале фудбалер на ОФК “Карбинци” во соблекувална на градскиот стадион во Виница
Група беровчани физички се пресметувале во двор од семејна куќа при што двајца се обиделе да употребат остри предмети