Има многу што да се каже за новото музичко чедо на МАкедонскиот рап и хип-хоп артист Стиховен Калибар (Горан Јанкуловски).
Станува збор за најново музичко дело родено од премрежјата во изминатите неколку години исполнети со деградација на човечкиот морал а со тоа и пропаста на општествениот поредок кој подразбираше каква-таква хуманост во минатото а денес е само една гротеска на испревртени вредности и мизерија на човековиот дух.
Стиховен Калибар на албумот соработува со многу уметници и музички креативци кои преку овој музички албум ставаат свој белег на целокупното ова време-невреме како сведоштво дека светот може сепак да биде поубаво место за живеење во содесјтво со уметноста и креацијата на трајни естетски вредност.
Што и да се каже како преглед на песните застапени на овој албум ќе биде малку наспроти изобилството и интензитетот на лиричка и музичка експресија која е жестоко сурова исто како и реалноста во која живееме…
Земете преслушајте има што да се чуе и додека се слуша, задолжително прстот на чело и….

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години