На 14.12.2023 во Македонска Каменица ќе се одржи Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Денот ќе биде исполнет со повеќе активности.
Во 12.00 часот ќе се одржи натпреварот по краснопис во кој учество ќе земат ученици од основните училишта од Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево, Виница и Блатец. Натпреварот ќе се одржи во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методи“ во Македонска Каменица. Во 14,00 ќе бидат доделени награди за најдобрите во натпреварот за краснопис и за конкурсите за литература и ликовни цртежи.
Од страна на гостите Ласко Ѓуровски, типограф и Никола Симовски, графички дизајнер, учениците ќе бидат запознаени со убавините на македонското кирилично писмо, тајните на графичкиот дизајн и илустрации, а истите ќе бидат и дел од жирито при отценување на трудовите.
Во 17.00 часот започнува главниот дел со отворање на изложбата на проф.д-р Јордан Ѓорчев, во фоајето на КИЦ „Романса“. Во 17.30 од страна на Епископот Делчевско-каменички г.Марко, ќе се отвори уште една изложба и тоа на одбрани страници од „Часословот“ на Јаков од Камена Река, отпечатен во 1566 година во Венеција.
Во 18.00 часот ќе започне свечената академија на која на годинешните добитници ќе им бидат доделени признанијата и благодарници. На свеченоста со своја програма ќе настапи и КУД„ Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември