БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Власта насила сака да воведе паралелка на албански јазик во Чашка. Народот се самоорганизира!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бојкотираат наставата, а родителите протестираат.

Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која денес морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да се промени. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се  најде решение, изјави за Алфа, Цвета Пешовска, родител.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите,  е насилно и незаконски.

Извор: Курир.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот