БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се повлекуваат од јаловата дебата во Парламентот. Амандманите на Уставот нема да минат

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во партиско сооштение од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се најавува можна разврска околу актуелната јалова дебата во парламентот во врска со Предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од колицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието на Република Македонија.

Пратеничката група заклучува дека е кажано се и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа кој што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство и тие да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја изразија својата увереност дека предложените измени и амандманите на Уставот нема да минат во Собранието на Република Македонија и со тој свој став го запозна раководството на ВМРО-ДПМНЕ, при што едногласно ја потврдија својата позиција дека ќе гласаат против уставните измени.

-информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace