Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во јавноста пренесе една особено интересна информација која се однесува на развојаот на Штип во иднина. Група на студенти од Архитектонскиот Факултет при Унивиерзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје изработија свои архитектонски трудови во кои се дадени визија и конкретни предлози за идниот просторен развој на повеќе јавни простори во Штип.
“Студентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ, преку своите трудови потврдија дека градот Штип има голем потенцијал за развој во иднина.
Тие ги презентираа своите трудови по предметот Урбанистичко обликување и во тој контекст изработија 20 визии и стратегии за иден просторен развој на градот Штип и вкупно 31 проект за конкретни локации во градот.”
-информираше градоначалникот Иван Јорданов преку социјалните мрежи.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга